Бизнис
1. February 2016 - 18:46

„Технохозе“ отвори нов погон вреден 10 милиони евра со 100 нови вработувања

Се отвори втората фабрика на италијанската компанија Технохозе во Македонија.  Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе отвори 100 нови работни места покрај постојните 75 на компанијата во првиот погон.

Целта на компанијата со оваа инвсетиција е да го зголеми за три пати извозот од Македонија, од сегашните 5 на 15 милиони евра годишно. Од менаџменотот и зоните најавија дека ќе следи и трета фаза на проектот, фабрика за фитинзи.

Инвестицискиот циклус во Македонија зема се поголем замав рече вицепремиерот Пешевски посочувајќи дека за шеесетина дена се отвараат по две до три странски инвестиции недело.

Италијанската инвестиција, во земјава регистрирана како Витек Македонија, Груевски ја посочи како показател за успешните реформи на деловната клима.

Витек Македонија произведува хидраулични спојки и црева за голем број индустрии, а во третата фабрика ќе го прошират производството и на метални делови.