Македонија
13. November 2015 - 16:30

Техничкиот министер на СДСМ го прекрши договорот и договорените законски измени

Оливер Спасовски надвор од законските овластувања се однесува како ниту еден министер за внатрешни работи пред него.

Вака искусни правници од МВР ја толкуваат одлуката на технички назначениот Министер за одземање на пренесените овластувања во министерството.

Согласно измените во Законот за Влада на Република Македонија, во член 44 јасно се нагласува дека ЗАРАДИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРЕДВРМЕНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО 2016 ГОДИНА, Собранието го избира технички назначениот Министер.

Со тоа точно се дефинираат неговите надлежности ограничени на организацијата на претстојните предверемни апрламентарни избори на 24 април 2016та.

Ист  мандат има и дополнителниот заменик на министерот.  Во член 45 се дефинира дека и неговиот мандат е врзан со организацијата на предвремените избори.

Суштински, според правниците во МВР се членовите 46 и 47.

Во членот 46, став 2 стои дека Дополнителниот заменик на министерот ЗАЕДНО И РАМНОПРАВНО со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во ставот 3 се нагласува дека дополнителниот заменик, ЗАЕДНО И РАМНОПРАВНО СО МИНИСТЕРОТ ГИ РАЗГЛЕДУВА И ПОТПИШУВА СИТЕ АКТИ И ДОКУМЕНТИ кои ги донесува министерот или лица овластени од него, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите. Впрочем мандатот на технички назначениот министер во членот 45 е веќе дефиниран дека се однесува токму на организација на изборите што значи и решението за одземање на овластувањата е токму заради организирање на предвремените избори.

Во ставот 3, се наведува дека СЕКОЈ АКТ ВО СМИСЛА НА ОВОЈ ЗАКОН СЕ ДОСТАВУВА ДО МИНИСТЕРОТ И ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР. Двајцата се должни веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот во смисла на овој закон.

Телеграмата која ја виде целокупната јавност беше потпишана само од технички назначениот министер Оливер Спасовски, така што повеќе од јасно е дека тој постапил спротивно на законот.

Членот 47 уште појасно кажува колку тежи одлуката на Спасовски. Имено, нагласено е дека АКО АКТОТ ИЛИ ДОКУМЕНТОТ ОД ЧЛЕНОТ 4 НА ОВОЈ ЗАКОН Е ОДОБРЕН Т.Е. ПОТПИШАН САМО ОД ЕДНОТО ЛИЦЕ СЕ СМЕТА ДЕКА ИСТИОТ НЕ ПРОИЗВЕДУВА ПРАВНО ДЕЈСТВО.

Со ова практично се покажува дека СДСМ веќе вториот ден од влегувањето во Владата ги погази сите изјави на лидерот Зоран Заев дека ќе имале само корективна улога, докажувајќи дека тој повторно ја излажа и изманипулира целокупната домашна и меѓународна јавност.