Македонија
24. November 2015 - 19:31

Техничката министерка Ременски дозволила да се отвори градинка која не ги исполнува законските услови

Техничката министерка Фросина Ременски дозволи да се отвори градинка која не ги исполнува законските услови, што претставува повторно непочитување на Законските и подзаконските акти. Ременски иако била информирана дека градинката не ги сполнува условите согласно закон и не е спремна за отворање, сепак дозволи да се отвори, објави Курир.

Ова е нов голем скандал бидејќи техничката министерка Ременски најпрво го најави своето присуство на свеченото отврање на градинката на ден 23.11.2015 понеделник во 11 часот и 15 минути во општина Врапчиште заедно со Министерот за образование и наука Абдулаким Адеми, Градоначалникот на општина Врапчиште и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон. Ова може да се потврди и од известувањето пратено до медиуми од страна на нејзиниот кабинет.

 

 

izvestuvanje-1

Во меѓувреме, Секторот за детска заштита доставува информација до кабинетот на техничката министерка Ременски во која конкретно е наведено дека градинката не е спремна за отворање, не ги исполнува законски предвидените услови и не поседува решение за вршење на дејност за згрижување на деца од предучилишна возраст кое  го потпишува лично Министерот за труд и социјална политика. Ова може да се утвди од мејлот кој е пратен до кабинетот на Ременски на 23.11.2015 во 9 часот и 10 минути, што значи техничката министерка Фросина Ременски навремено е информирана и знаела дека објектот не ги исполнува законските услови  и не треба да се отвори.

remenski-1

И покрај ова, таа свесно дозволи објектот наменет за детска градинка кој не ги исполнува законски предвидените услови свечено да се отвори и притоа не ги информирала останатите гости најавени на свеченото отворање на објектот за градинка дека истиот не ги исполнува условите предвидени во Законот за заштита на деца.

За нејзината несовесност и нечесност говори и нејзиниот обид за манипулација на јавноста и на медиумите, односно известувањето пратено до медиуми на ден 23.11.2015 од нејзиниот кабинет со кое го откажа најавеното присуство на свеченото отварање на градинката во Општина Врапчиште со образложение “поради итни и неодложни обврски на министерот за труд и социјална политика Фросина Ременски нема да присуствува на отварањето на детската градинка во Врапчиште”

izvestuvanje-2

Покрај тоа што во заблуда ги има доведено останатите најавени гости на свеченото отварање на детска градинка, најголем скандал е што дозволи да се отвори градинка која не ги исполнува условите согласно Законот за заштита на децата. Имено, За да се отвори една јавна општинска установа – детска градинка потребно е истата да исполнува условите согласно чл.100 од Законот за заштита на децата, и тоа ако е обезбеден потребниот број на деца,се обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста, доколку се донесени програми за вршење на дејноста, доколку се обезбедени соодветни и стручни лица согласно стандардите и нормативите и согласно закон и доколку се обезбедени потребни финансиски средства.

За утврдување на сите овие услови предвидени со закон, Министерот за труд и социјална политика, потребно е по барање на Општината пред да  се отвори градинка , да формира комисија и да направи увид за исполнетост на услови согласно стандардите и нормативите, како и исполнетост на услови за вршење на дејност, а согласно член 102 од Законот за заштита на децата  детска градинка може да започне со работа откако министерот ќе утврди дека се исполнети условите и ќе донесе решение за вршење на дејност. 

При неформална комисија од страна на претставници на министерството беше посетена градинката и беше укажано дека има голем број на недостаци и тоа: градинката нема кујна, нема соодветен пристап, односно влезот во објектот е заеднички со влезот на децата кои одат во училиштето, не се адаптирани санитарните простории  соодветно за деца до 6 години, нема соодветна опрема за деца до 6 години, нема воопшто дидактички средства за работа со деца до 6 години, нема соодветен кадар.

Ова е досега најголем скандал на техничката министерка Фросина Ременски, дозволи деца да се згрижуваат во објект кој не ги исполува законски предвидените услови а со тоа и свесно се прекршува Законот.