Техеран сака да ги испита остатоците од ракетата, за кои САД тврдат дека е произведена во Иран
Иран сака да ги испита остатоците од ракетата што постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли ги претстави како „несоборлив“ доказ дека Техеран ги вооружува шиитските бунтовници Хути во Јемен.
Иранскиот министер за одбрана генерал Амир Хатами ќе побара делови од ракетата да бидат доставени во Иран, со цел да се испитаат.
Хејли во четвртокот го обвини Иран дека стои зад неодаменшниот ракетен напад врз Саудиска Арабија. Таа одржа прес конференцијата пред остаток од проектилот што јеменска шиитска вооружена група го истрела кон аеродромот во саудискиот главен град Ријад, и рече дека вмешаноста на Иран во инцидентот е несомнена.
- Имаме несоборливи докази дека Иран намерно ги крши своите меѓународни обврски и дека се обиде, но не успеа, да ја прикрие својата вмешаност. Оваа ракета била направена во Иран, испорачана на Хути герилците, кои ја истрелаа врз цивилен аеродром каде можеше да убие стотици недолжни цивили, изјави Хејли.
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џафар Зариф прес-конференција на Хејли ја оцени како претстава.
- Кога бев во ОН, бев сведок на такво шоу и знам што следи потоа, напиша Зариф на Твитер.
Тој алудираше на изјавата од 2003 година на тогашниот американски државен секртетар Колин Пауел, кој тврдеше дека САД имаат докази дека Ирак поседува биолошко оружје. Колин тогаш покажуваше епрувети со спори на сибирски чир.
Иран ги отфрла обвинувањата на САД како „лажни и фабрикувани“, демантирајќи дека ги вооружува Хутите во војната со Саудиска Арабија.
Иран и Саудиска Арабија се вклучени во низа воени конфликти во регионот, и во граѓанската војна во Јемен, Иран ја поддржува шиитската заедница Хути, додека Саудиска Арабија е на страна на сунитската Влада. Саудиска Арабија воведе ембарго врз Јемен со цел да го спречи Иран да ги вооружува Хутите, но го обвини Иран дека сепак успеал да внесе балистички проектили со кои Хутите сега им се закануваат на саудиските градови.
Во судирите во Јемен досега загинаа повеќе од 10.000 луѓе и има хуманитарна криза.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово