Тегли со чист планински воздух се делеа во Скопје
Во рамки на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и делеа тегли со чист планински воздух на случајните минувачи на плоштад Македонија, со цел да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот во Скопје.
На акцијата, што се реализираше синоќа, им се приклучија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и организацијата Go Green - Биди зелен.
Проблемот со загадениот воздух во Скопје беше еден од најпријавуваните од страна на граѓаните на мапата на веб-страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниов месец прими повеќе од стотина пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја, се наведува во соопштението од „Мрдни со прст“.
Некои од проблемите кои биле пријавувани од страна на граѓаните се поддржани во рамки на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции кои се реализираа во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локалните граѓански иницијативни во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Скопје беше успешно организирана акција за чистење на отпадоците околу Скопскиот Аквадукт, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.
- Се приклучив на акцијата за да придонесам во подигнувањето на свесноста на што повеќе граѓани за загадувањето на воздухот во Скопје. Плоштадот Македонија е вистинското место за оваа акција, бидејќи токму тука за новогодишните празници луѓето се понесени од новогодишната еуфорија, слават и купуваат подароци за своите најблиски, па на некој начин забораваат на општествените проблеми. Затоа ние сме тука да ги потсетиме, изјави еден од граѓаните кои доброволно се приклучија на акцијата.
Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.
Секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или na Фејсбук страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово