Спорт плус
13. August 2017 - 10:54

Тажно збогување на Болт

 

Најдобриот атлетичар на сите времиња, Јусеин Болт, на тажен начин ја заврши својата блескава кариера. Болт не успеа да стигне до целта како дел од штафетата на Јамајка 4×100 метри.

Болт трчаша како последна измена во штафетата, кога ја прими палката од Јохан Блејк, се повреди на 50 метри од целта и со болна гримаса на лицето легна на тартанот.

Златото им припадна на Британците (Уџах, Џемили, Талбот, Мичел-Блејк) кои во целта имаа време 37,47 секунди, што преставува нов европски рекорд. Среброто им припадна на Американците 37,52 секунди, а бронзата ја освои Јапонија 38,04 секунди.

https://