Живот
1. September 2016 - 23:50

ТАЖНА ВЕСТ: Почина позната спортистка

Голема трагедија се случи во Англија каде 18 годишна фудбалерка на Евртон, Зои Тунан го загуби животот откако ја прегази воз. Смртта според зборовите на полицијата не е сомнителна, а најверојатно во прашање е несреќен случај.

Трагичната вест ја споделија со јавноста членовите на нејзиното семејство, клубот и полицијата.

-Беше весела, забавна и великодушна девојка. Беше омилена ќерка и сестра, каква што може само да се посака, пишува во соопштението од семејството.

Од неа се прости и Евертон, за кого играше, а клубот истакна дека никогаш нема да ја заброави.

-Беше посветена спортистка, најсреќна беше на теренот со топката. Трогна толку многу луѓе и никогаш нема да биде заборавена. се наведува во соопштението од клубот.