Џет-Сет
21. April 2017 - 11:03

Тажна вест: Почина познат фудбалер, доживеа инфаркт на терен

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Англија Уго Ехиогу почина во болница ден откако доживеа срцев удар, објави денеска Тотенхем, клубот во кој го тренираше младинскиот тим.

Ехиогу вчера колабираше на стадионот Вајт Лејн во текот на тренинг, по што итно е префрлен во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот.

Некогашниот фудбалер на ВБА, Астон Вила, Мидлсборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд, почина во 44. година.