Живот
11. March 2016 - 10:07

Тажна вест: Почина највлијателната личност во музичката индустрија

Сер Џорџ Мартин, продуцентот на групата Бителси почина денеска на 91. година од животот. Мартин потпиша договор  со Бителси за  Parlophone Record и тој им беше продуцент речиси на сите  албуми. Стана и остана еден од највлијателните продуценти во историјата на мзуиката.

Веста за неговата смрт прв на Твитер ја сподели Ринго Стар, тапанарот на групата, а подоцна то го потврдија и од Universal Music.

Менаџерот на Мартин го соопшти следново: 

- Можеме да потврдиме дека синоќа на 8. март, сер Џорџ Мартин почина мирно во својата куќа. Семејството се заблагодарува на сите утешни зборови, молитви и поддршка.