Живот
23. January 2017 - 14:58

Тажна вест: Почина најстариот Шербеџија, режисерите се простија од него

Таткото на познатиот актер и режисер Раде Шербеџија (70), Данило почина денеска на 104 години.

Оваа тажна вест на социјалните мрежи ја објави синот на Раде, кој го добил името по дедото.

-Селанец, рудар, пролетер, првоборец, татко, дедо, прадедо. Откако во 104. година го победи воспалението на белите дробови, здрав, одлучи да замине, ги испрати блиските од собата малку да се одморат и ги затвори очите. Доста му беше. Остави костум за погреб, во џебот писмо кое сака да се прочита на неговиот погреб само за најблиското семејство, мене неодамна ми го остави часовикот што го доби кога отиде во пензија, а за погребот побара само да го следи виолина со песната „Кога во војска ќе појдам зелени полиња јас ќе газам. Со солзи бој не се бие туку врела крв се лие“. Здраво дедо, горд сум што го носам твоето име - порача неговиот внук и имењак Данило на Фејсбук.

Инаку Раде Шербеџија во едно интервју минатата година откри дека неговиот татко се противел на неговата одлука да стане актер и не гледал ниту еден негов филм.

-Имав прекрасен однос со родителите. Мајка ми почина, а татко ми има 104. години. Татко ми никогаш не погледна ниту еден мој филм, ни серија, ни снимка од претстава. Само ќе ги земаше крстозборите и ќе влезеше во соба. Од некоја тврдоглавост и одмазда. Никогаш - изјави Раде за хрватски „Јутарњи лист“.

Раде и неговиот син Данило Шербеџија го режираа последниот македонски игран филм „Ослободување на Скопје“.