Тажна вест: Почина легендарниот комичар и пејач
Британскиот комичар и пејач Кен Дод, творец на ликот Диди Мен и еден од најпопуларните комичари на сите времиња, почина на 90-годишна возраст.
Тој неодамна беше пуштен од болница по шестнеделното лекување од белодробна инфекција. Во петокот се оженил со својата 50 години помлада партнерка Ени Џонс во Ливерпул, во куќата во која пораснал.
Сер Кен Дод е познат по долгите стенд-ап настапи со куклата Диди Мен.
- Тој почина во својот дом, каде се родил пред 90 години. Никогаш не живеел на друго место. Навистина неверојатно, изјави неговиот портпарол.
Со комедија професионално се занимавал од 1964 година, а во 60-те години од минатиот век влезе во Гинисовата книга на рекорди, со своите 1.500 шеги во трииполчасовен настап во живо. Тој исто така беше и пејач. Неговиот хит „Теаrs“ e третиот најпродаван сингл во Велика Британија во 1960-те.
Глумицата Клер Свини за него изјави дека бил легенда и вечна инспирација.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани