Македонија
10. January 2018 - 12:48

Тажна вест: Почина доајенот на македонската гинекологија и акушерство

Прим. Д-р Димитар Димитров, доајен на македонската гинекологија и акушерство.

Роден во Струмица 1927 година, студиите по медицина ги завршил во Загреб, а специјализацијата во Скопје.

Тој беше првиот гинеколог во историјата на општина Кочани, еден од основачите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир сегашна Мајка Тереза, како и еден од пионерите на скринингот на рак на грлото на матката во Македонија.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 11.01.2018 - четврток од 13 часот во капелата - Бутел, а погребот ќе се изврши од 14 часот. 

--