Свет
8. April 2017 - 21:11

Тажна вест: Почина човекот што три пати ја направи Русија горда

Рускиот космонаут Георгиј Гречко, кој три пати беше во Вселената, почина во 86. година од животот, соопшти денеска руската вселенска агенција Роскосмос.

Гречко од 1975. до 1985. година во текот на три мисии помина вкупно 134 денови во Вселената.

Најдолгиот престој му беше во текот на 1977/78 година кога во вселенската станица Саљут-6 помина повеќе од 3 месеци.

View image on Twitter

Гречко подоцна стана инструктор и му се придружи на Институтот за атмосферска физика на Руската академија на науките.

Во соопштението не се наведува причината за смртта.