Живот
9. January 2016 - 17:31

Тажна вест го обиколи светот - Почина принцезата Ашраф

Принцезата Ашраф Пахлави, сестра близначка на последниот ирански шах, починала во четвртокот на 96-годишна возраст, вчера потврди нејзиниот внук Реза Пахлави, пренесе ДПА.

Таа починала во сон во четвртокот во неименувана европска земја, информира весникот „Њујорк тајмс“.

Ашраф и нејзиниот брат Мохамад Реза Пахлави, кој бил предодреден да стане монарх, биле родени во 1919 година.

Владеачката иранска монархистичка династија беше соборена во 1979 година од Иранската револуција и Ашраф Пахлави потоа, со семејството, бега од земјата.