-->
-->
Тато и јас одеме да се убиеме - страшен крик на момчето од Ниш, трагeдија го потресе Балканот
-->
Седумгодишното момче викало додека неговиот татко телефонирал со соседот и му најавил дека ќе се самоубие и дека ќе го убие момчето, а потоа со автомобилот се удрил во друг автомобил. Момчето преживеало, а таткото загинал.
“Одиме да се убиеме, тато и јас”, викало детето додека татко му телефонирал со соседот и најавувал што ќе направи.
– Ми рече дека детето било кај него, дека никој нема да го чува и дека тој го води во “подобар свет”. Не можам да сфатам како не му беше жал за роденото дете”.
Вака започнала потресната приказна на Филип Митровиќ, соседот на Миросла Мириќ од Ниш, кој во средата вечер предизвикал сообраќајна несреќа со намера да го убие својот седумгодишен син и себе. За среќа, момчето поминало со полесни повреди, како и возачот од автомобилот во кој се судрил.
Бегал од полицијата
Мирослав, кој е роден во лесковачкото село Бобиште, живеел како постанар на улица Авалска во населбата Апеловац во Ниш. Тој се криел од полицијата од 8 февруари, кога е осомничен дека украл две ипол километри ограда од автопатот Ниш – Димитровград. Од тогаш не ни доаѓал во домот, а децата ги чувале соседот Небојша Митровиќ и неговите синови Филип и Стефан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари