Македонија
22. February 2018 - 10:36

Татко за помош: "Исчезна сопругата, со неа и четиригодишната ќерка"

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 30 минути во Полициското одделение Галате, 29-годишниот М.М. од селото Врањеовце пријавил дека на 20. месецов му исчезнала сопругата.

Полицијата информира дека во периодот од 18.00 до 23.00 часот, од семејната куќа во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 26-годишната Л.М.од Република Албанија.

Таа ја земала нивната четиригодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.