Балкан
12. January 2016 - 9:50

Татко ми врескаше, а јас го избодев со нож - Александар раскажа за кобната ноќ

Александар Маринковиќ од Алексинац, 19-годишното момче кое си го избоде сопствениот татко, раскажа за настанот. Страшниот злочин се случил во нивната куќа каде двајцата живееле сами.

- Што ти е сине, немој, викал испаничено таткото Срѓан откако неговиот син земал нож и го прободел.

Александар кобната ноќ бил на роденден, но се вратил многу касно. Кога си доаѓал, неговиот татко му дофрлил помалку да шета и да си доаѓа порано, а тој се разбеснил и земал нож од кујната. Со него го прободел два пати во грбот.

Потоа се разбеснил и продолжил да го боде каде стигне додека тој се обидувал да избега од куќата. Не се знае колку пати е прободен несреќниот маж, тоа допрва ќе се утврдува со обдукцијата.

Најверојатно станува збор за 15-20 убоди од нож.