-->
-->
Татко издрогирал и силувал малолетни другарки на својата ќерка: "Сексот беше договорен"
-->
Татко (42) од Бризбејн, напил и издрогирал ученички - другарки на неговата ќерка, пред да ги наведе на секс, пренесува Independent.
Тој веќе е осуден за силување, откако неговата 14-годишна жртва изјавила дека била принудена на секс и го пријавила во полиција. Таа за време на чинот се жалела дека "ја повредува" но тој го повторил односот два пати, наизменично со едната па со другата девојка.
Сексот бил договорен?
Другото девојче (17) во Брховниот суд во Бризбејн изјавило дека сексот бил договорен.
Правниот тим на таткото тврди дека сексуалниот однос воопшто и не се случил. Потоа ја промениле тактиката и на второто судење таткото признал дека имал сексуални односи со девојките, но дека сексот бил договорен.
Тој им дал да пијат алкохол и ги издрогирал, а потоа барал од нив да играат игра во која ја соблекуваат својата облека, за на крај да ги однесе во спалната и да има секс со двете.
Адвокатката на одбраната, Симон Баин, изјавила дека минатата недела на Апелациониот суд изјавите на девојките биле "многу контрадикторни" во некои детали.
"Им се приклучил во спалната соба, не ги присилил"
Таа изјавила дека нејзиниот клиент ја признал "одвратната ситуација" во која ги напил и ги издрогирал девојчињата пред сексуалниот чин, пишуваат Byron Shire News.
Но таа исто така додала дека неговото однесување треба да се опише како "приклучување" на девојките во спалната соба, а не како "присилување на секс."
"Застарено" е да се анализира како жртвите на силување треба или не треба да се однесуваат
Таткото поднел жалба до Апелациониот суд да го замени обвинението за силување со обвинение за сексуален однос со малолетно лице.
Главната обвинителка Вики Ловри изјавила дека однесувањето на 14-годишната девојка било "малку необично", но тоа ја објаснува нејзината возраст.
Исто така рекла дека е "застарена пракса" да се анализира како жртвата на силување треба или не треба да се однесува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица