Живот
16. December 2015 - 22:28

Татко имал што да види: На шофершајбната нашол коверт полн со експлицитни фотографии од неговата ќерка

Полицијата од Приједор во саботата го лишила од слобода 28-годишниот Г.Р. од тој град поради сомневање дека сторил кривично дело уцена.

Имено, пред два дена во полициската станица дошол М.Б. и пријавил дека непозната личност му изнудувала пари.

Оштетениот на својот патнички автомобил пронашол закачен коверт во кој се наоѓале фотографии со непримерена содржина од неговата ќерка, и хартија на која се наоѓала порака оштетениот на одредено место да донесе одредена количина пари, доколку не сака наведените фотографии да излезат во јавност.

Превземајќи мерки и работејќи на расветлување на случајот, полициските службеници дошле до оперативни информации дека сторителот на кривичното дело е Г.Р. 

Кај осомничениот се пронајдени и одземени предмети кои во кривичната постапка ќе послужат како докази.