Македонија
18. May 2017 - 18:24

Татко и син во Прилеп живеат на раб на егзистенција

Со социјална помош од 3.800 денари, со нарушено психо-физичко здравје, во крајно лоши хигиенски услови, повеќе гладни отколку сити, таткото Борис и синот Александар Мирчески од Прилеп, со години се борат со сиромаштијата.
 
Државниот стан во кој живеат одамна го отслужил своето; но, тие немаат пари било што да поправат. А некогаш биле сосема пристојно семејство; Александар работел како тутунски техничар, а татко му бил градежен работник, но, сега молат за помош оти ниту се работоспособни, ниту можат да се грижат за себе како што треба.
 
39-годишниот Александар вели дека помош немаат ниту од роднините, ниту од станарите. Од тие причини сметаат дека можеби е добро да бидат сместени во некоја установа.
 
Во меѓувреме, тие се надеваат на хуманоста од луѓето кои би им помогнале на било кој начин, со храна, облека, со финансиска помош за реновирање на електричната инсталација, за поправка на водоводот, за варосување на станот.