Бизарно но вистинито
26. October 2017 - 12:20

Тања (12) ќе дознае кој е татко на нејзиното дете - очувот или еден од браќата!

Девојче (12) од Украина во телевизиско шоу ќе дознае дали таткото на нејзиното дете е нејзиниот очув или еден од браќата, пишува „Дејли Меил“.
 
Тања Лучишин забременила на 11 години и прво тврдела дека татко на нејзината ќерка Дијана е соседот Андри (18). Меѓутоа ДНК тестот покажал дека тоа е лага, а тој сега се соочува со затворска казна од пет до 10 години, бидејќи имал секс со малолетничка.
 
За време на испрашувањето пред публика, Тања признала дека забременила во периодот кога присилно имала секс со еден член од семејството.
ДНК тест направиле нејзиниот очув Иван Еремин, братот Валоџа (15) и полубратот Виктор (17), и сите тројца го негирале татковството.
 
Нејзиниот очув изјавил дека не се плаши од затворска казна затоа што не направил ништо и дошол во емисијата тоа да го докаже.
 
Додека еден дел од јавноста ја осудува Тања, другата страна вели дека таа е само невина жртва на повеќе силувања, од кои едно е очигледно случај на инцест.
Психолозите изјавиле дека Тања е депресивна и се плаши. Истакнале дека таа е девојка која си го сака детето и сака да се грижи за него, но дека се плаши од шпекулации.
 
Мајката на Тања има 31 година и има шест деца, а многумина ја обвинуваат дека таа ги зема парите за откривање на семејните проблеми.
Оваа недела е трета епизода од шоуто, а девојката би требало да дознае кој е таткото на нејзиното бебе.
 
Водителот Андреи Данилевиќ изјавил дека оваа девојка е жртва на неодговорност и манипулација на повозрасните.