Танги: Франција одблиску ги следи случувањата во Македонија
Франција одблиску го следи сето она што се случува во Македонија и ја охрабруваме да продолжи со спроведување на реформите, но и да го подобри функционирањето во Собранието. Го поддржуваме проширувањето на ЕУ кон сите земји од Балканот. Посакуваме Македонија и Грција да изнајдат заедничко прифатливо решение за спорот што постои повеќе години со прашањето поврзано со името.
Ова во интервју за МИА го истакнува првата француска пратеничка со македонско потекло Лилијана Танги, пренесувајќи го официјалниот став на Елисејската Палата.
Таа е оптимист дека Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, по забележаниот напредок со доаѓањето на новата Влада.
Во однос на парламентарната соработка, таа смета дека парламентарната дипломатија е многу важна за запознавање на двете земји и за воспоставување соработка, а во работата на Парламентот ја извојува важноста од препознавање и издигнување на нациионалниот, државниот интерес над партиските.
- Работите никаде не се совршени, во ниту едно Собрание. Во македонското Собрание можеби нема толку честа размена на мислења или дебати, односно би рекла нема конструктивни дебати. Веројатно постои опструкцијата од страна на опозицијата. Од една страна тоа можеби е нормално, но не треба да биде претерано. Во одреден момент ќе треба, пред се да го имаме предвид генералниот интерес, интересот на земјата кој треба да надвладее над партиските интереси, вели Танги.
Во мојата земја, додава, успеавме да создадеме една политичка сила, која се нарекува Републиката во движење, што беше основана од претседателот Емануел Макрон.
- Станува збор за своевидно движење кое успева да ги истакне добрите нешта со кои настојуваме да чекориме кон прогрес и да ги земеме добрите идеи и иницијативи од сите страни без оглед од која политичка партија доаѓаат. Тоа е своевиден нов начин на водење политика, надвор од делувањето на традиционалните партии, каде се обидуваме да бидеме помалку догматични, а повеќе прагматични и секогаш чекорејќи кон вредности, кон напредок и токму постигнувањето на таков прогрес треба да биде нашата вредност, вели Лилијана Тамги во интервјуто за МИА што во целост ќе го обавиме утре.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер