Свет
22. February 2018 - 12:06

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Најмалку осум полицајци се убиени во напад на талибанците врз полициски безбедносен пункт во централната авганистанска провинција Газни.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Ариф Нури информира дека нападот се случил изминатата ноќ.

Тој наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје, при што се убиени осум полицајци, а еден е повреден.

Нападот траел два часа, а владините сили не успеале на време да стигнат и да го спречат.

Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот, а нивниот портпарол Забихулах Муџахид тврди дека биле убиени девет полицајци, а еден е уапсен.