Ракомет
19. January 2017 - 22:11

Талески: Мило ми е што на празник останавме непоразени

Последниот гол за Македонија - 27.миот го постигна Филип Талески, тоа беше гол за водство, но сепак на крајот се покажа како еден од клучните.

-         Многу ми е мило што на празник, на Водици останавме непоразени. Го задржавме третото место во нашата група бод си е бод. Имаме повредени играчи за дуелот со Норвешка и се надевам дека за овие два дена ќе бидеме спремни. Оваа „Нова Македонија“ има нов менталитет да не се откажува да игра докрај и така се вративме во последните 10 минути од четири негатива и одигравме нерешено, изјави Филип Талески.