Џет-Сет
5. April 2016 - 12:13

Талент: Хитовите кои се години ги слушаме ги напиша Јелена, послушајте

Трагично починатата пејачка Јелена Јеца Марјановиќ Крсмановиќ покрај пеење се занимаваше и со компонирање песни заедно со сопругот Зоран Марјановиќ.

Брачната двојка Марјановиќ потпиша многу големи хитови, за кои Јелена говореше во своето поселдно интервју.

-Бидејќи имаме наше студио, а мојот сопруг е композитор и аранжер, направивме еден куп хитови. Еве на пример „Златник“ на Тања Савиќ, „Дигни ме пао сам“ на Динча, „Конак“ на Ана Бекута, “Амајлија“ на Сузана Јовановиќ и некои други, изјави Јелена во своето последно интервју за Ексклузив.