Македонија
24. March 2017 - 16:46

Талат Џафери најверојатно ќе биде новиот претседател на Собранието, пишува албански Индекс повикувајќи се на ДУИ

Талат Џафери најверојатно ќе биде новиот претседател на Собранието, пишува албанскиот медиум индекс повикувајќи се на извори во ДУИ.

Според информациите, тој ќе биде првиот собраниски претседател Албанец во македонската парламентарна историја.
Ваков договор паднал по консултациите меѓу СДСМ и ДУИ одржани вчера иако претходно во игра беше опцијата првично претседателското место во Собранието да го добие Оливер Спасовски а по формирањето на Владата тој да замине во извршната власт а на негово место да дојде Талат Џафери.
Сител побара потврда на информациите во ДУИ, но од Мала Речица нема одговор.
Дел од аналитичарите сметаат дека со поставувањето на Џафери на претседателското место, стартува реализацијата на Тирнската платформа, чија цел меѓу другото е и промена на името. Во ДУИ не кријат дека е така

Дали ДУИ за прв пат ќе влезе во претседателскиот кабинет во Собранието ќе се знае најрано во понеделник за кога е закажано продолжението на конститутивната седница. Она што е познато уште од сега е дека една од клучните задачи на новиот претседател ќе биде закажувањето на локалните избори. Дали тоа ДУИ ќе го стори веднаш се уште не знае. Ако се суди според коментарите кои доаѓаат од СДСМ, ретко кој би верувал дека локалните избори ќе се одржат набрзо

Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на својот став дека е потребно заедно со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори.