Живот
14. September 2016 - 2:28

Тајвански научник направи апарат кој предупредува 10 до 30 секунди пред да има земјотрес

 
Тајванскиот научник Ву Ји-Мин направи апарат, направа која во иднина би можела да спаси многу човечки животи, затоа што овозможува регистрирање на 
Направата функционира на тој начин што реагира на т.н. хоризонтални, С – бранови кои се јавуваат при сеизмички активности во длабочината на земјата.
 
Регистрирајќи ги овие бранови, напrавата предупредува дека за 10 – 30 секунди ќе има земјотрес, пред да се случи големиот удар.
 
Тој временски период е повеќе од доволен за луѓето да можат да излезат од затворени простории и на тој начин да се спречат големи катастрофи.
 
Справата е веќе тестирана во Калифонија каде е утврдено дека регистрирањето на С-брановите е успешно, а кога справата би се поврзала во компјутерска мрежа, тогаш резултатите од предупредувањето можат да се пренесат на голем број на луѓе, на глобално ниво.
 
Ву Ји-Мин во иднина планира  и производство на подвижни уреди кои ќе регистрираат земјотреси, а би работеле независно од сеизмолошката служба.