Свет
6. July 2016 - 11:42

Тајван: Најмалку шестмина загинати во пожар во дом за стари лица

Најмалку шест лица загинаа, а 28 се повредени во пожар, што утрово изби во приватен старски дом во Њу Тајпеј, Тајван.

Огнот бил изгаснат во рок од 30 минути, но процесот на евакуација бил отежнат бидејќи поголемиот број од луѓето сместени во домот се неподвижни или во инвалидска количка.

Телата на загинатите пронајдени се на осмиот, последниот кат од зградата.