Фудбал
11. May 2016 - 10:07

Тајна средба: Покетино се сели во Јунајтед?!

Англиските медиуми обелоденија дека менаџерот на Тотенхем  Маурисио Покетино во вторникот имал тајна средба со легендарниот менаџер на Манчестер Ј. Алекс Фергусон. 

На средбата бил и асистентот на Покетино Хесус Перес и според нив тоа е најава дека Аргентинецот ќе седне на клупата на Јунајтед на местото на ван Гал. 
Интересно е што тренерот на Тотенхем во април изјави дека практично се договорил со клубот да остане на тренерската позиција до 2021г.