Македонија
21. October 2015 - 16:46

Тајна средба Црвенковски – Заев

Tајна средба помеѓу Заев и Црвенковски, се одржала непосредно пред посетата на лидерот на СДСМ на Израел, открива Прес 24.

Според изворите на порталот, Заев барал совети од Црвенковски како да се однесува при посетата на Израел, затоа што претходно немал искуство со дипломатски средби.

Она што е интересно е тоа што веројатно поради советите на Црвенковски, при посатата на Израел, Заев со себе не зеде ниту еден од неговите најблиски соработници. Во неговата свита, тој поканил свои доверливи луѓе од кои едниот е поранешен советник во владата на Бучковски кој сега е консултант во енергетскиот сектор кој работел на гасификацијата на Струмица.

Прес 24 пишува дека на тајната средба Заев побарал од својот претходник и конкретна кадровска помош за кадровски решенија за техничката влада транзициската влада. Побарал и амин за некои кадровски решенија кои важат за бранковисти. Се разговарало за Лазе Велковски кој би требало да биде предлог на СДСМ за министер за внатрешни а сега е вработен во агенцијата за разузнавање и важи за близок на Зоран Јованов – Миравац кој е долгогодишна верна сенка на Црвенковски.

Истовремено, Заев побарал амин и за Гордан Георгиев, Ана Павловска Данева и Јани Макрадули кои се познати бранковисти а новиот лидер на СДСМ ги планирал за преодни министри или членови на ДИК.

Повикувајќи се на партиски извори, Прес 24 објавува дека Црвенковски му сугерирал на Заев да не губи енергија на кадровски комбиунаторики туку работи на одложување на изборите кои се закажани за 24 април идната година.  Според стратегијата на Црвенковски за одложувањето би требало да се обвини ВМРО-ДПМНЕ поради наводен страв од специјалната обвинителка.

По договорот од Пржино, Бранко Црвенковски јавно изјави дека СДСМ скоро сигурно ќе ги изгуби априлските избори, според информациите на порталот, оттогаш се одржале неколку вакви тајни средби помеѓу него и Заев.