Тајани: Никој од ЕУ нема да ја поддржи независноста на Каталонија
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани предупреди денеска дека ако каталонските власти прогласат незавиност од Шпанија, нема да добијат поддршка од никого во Европската унија.
- Ние се изјаснивме за дијалог, но никој во Европа нема да ја прифати независноста на Каталонија, наведе Тајани во интервјуто за шпанското радио КОПЕ.
Тој нагласи дека сепак доколку каталонските лидери „ги исполнат своите закани, тие ќе бидат изолирани и никој нема да и помогне на Владата на Каталонија на тој пат“.
Шпанскиот премиер Мариано Рахој се очекува денеска да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, со кого ќе разговара за прашањето за каталонската независност.
Тие ќе се состанат во Брисел, каде денеска започнува дводневниот Самит на ЕУ.
Во меѓу време, весникот „Дјенте минутос“ објави дека припадници на Цивилната гарда на Шпанија утрово извршиле претрес во станица на каталонската полиција, со цел да пронајдат документи поврзани со референдумот за независност на Каталонија, што беше спроведен на 1 октомври.
Весникот наведува дека претставниците на шпанските безбедносни сили дејстуваат по судска наредба, истражувајќи ги активностите на каталонската полиција на денот на гласањето.
На денот на одржување на референдумот централните влеати и наредија на каталонската полиција да ги затвори сите гласачки места, но во накголем број случаи полициските сили на Каталонија одбија да го сторат тоа.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење