-->
-->
Тај брекот пречка за Ѓорческа на фјучрсот во Москва
-->
Лина Ѓорческа имаше добра шанса да направи изненадување на стартот на фјучрсот во Москва (награден фонд 25.000 долари) и да ја елиминира осмата носителка Полина Виноградова од Русија (318.ВТА листа). По освоениот прв сет со убедливи 6:1 во гемови, во вториот сет кој беше изедначен и решаваше тај брекот. Ѓорческа поведе со 3-0 на поени, но до крајот на сетот освои само еден поен и противничката изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет нашата тенисерка имаше водство од 1:0 и 2:1, а Виноградова сетот го доби со 6:3.
Ѓорческа за настапот на овој фјучрс ќе добие еден поен.
За Ѓорческа останува настапот во двојки каде во четвртфиналето заедно со Погребњак (Русија) ќе играат против четвртите носителки Украинките Корашвили и Страхова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата