Балкан
18. October 2016 - 12:01

Тахири: Продолжуваме со дијалогот со Белград и покрај тензиите

Косовската министерка за дијалог, Едита Тахири изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи и покрај како што наведе, неодаменшните тензии по апсењето на директорот на косовската полиција Нехат Тачи, пренесе Танјуг.

– Имаме состаноци оваа недела и го потврдивме нашето учество, изјави Тахири за Клан Косово.

Во интервјуто таа тврди дека Белград е свесен дека не може да ги исполни сите криетериуми на Европската унија што се однесуваат на соседството, а да не ја признае независноста на Косово.