Балкан
12. April 2017 - 13:07

Тахири: Нема дијалог со Белград се додека Харадинај не биде ослободен

Дијалогот со Белград ќе може да продолжи откако Рамуш Харадинај ќе биде ослободен и откако косовското Собрание ќе го укине решението за прекин на преговорите, изјави косовската министерка за дијалог Едита Тахири.

Како што пренесува приштинскиот весник „Лајм“, таа ова го кажала во обраќање пред еден од парламентарните одбори.

Според неа, Косово се покажало како партнер кој гради мир во регионот.

-Косовската Влада смета дека дијалогот со Брисел произведе значајни резултати и сите постигнати спогодби се во склад со косовскиот Устав, наведе Тахири.