ТАГА: Почина познат македонски спортист
На 69 годишна возраст вечерва почина Мичо Поповски, поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.
Поповски беше роден роден 05.05.1947 година во с.Горничево, Леринска околија. Дипломиран инженер металург. Кариерата ја започнува во Рудници и Железарница, а ја заврши како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.
Активно беше вклучен во спортот, поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.
Претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија, прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето.
Како селектор на Македонската репрезентација учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина.
Добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно беше посветен на развојот на младинските категории.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 27 Април на гробиштата во Бутел.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација