Џет-Сет
16. January 2018 - 23:04

Тага на лицето на актерот од хит серијата на Сител по победата на македонските ракометари

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ, кого македонската публика моментално го гледа во улогата на Ранко во серијата „Чиста љубов“ која се емитува на Сител телевизија, се појави на ракометниот меч одигран вчера помеѓу Македонија и Црна Гора, на кој победија нашите ракометари.

Момчило жестоко навиваше за репрезентацијата на својата земја и секое движење на ракометарите го следеше внимателно.

Македонија на крајот ја совлада Црна Гора со 29:28, а познатиот актер беше видно разочаран поради таквиот епилог.