Балкан
18. July 2016 - 20:52

Тага и несреќа во домот на Јелена

Мајката на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Зорица Крсмановиќ живее во тешки услови, без никакви примања, борејќи се против пеколната болест која секојдневно зема голем замав.

- Tаа и се предаде на болеста, крена раце од борбата со ракот и само го чека денот кога засекогаш ќе затвори очи. Постојано говори дека повеќе нема причина да живее, дека останала сама на овој свет, без сопруг, без ќерката и дека утехата ја наоѓа само во внуката Јана, зборува нејзината сестра Гоца. 

Ова и соседите го потврдуваат дека деновите и поминуваат во вистински пекол.