Балкан
14. January 2016 - 10:12

Тага и болка: Закланата медицинска сестра испратена во вечниот дом

Медицинската сестра која беше убиена во Домот за здравство во Шабац, е испратена во вечното живеалиште. 57-годишната Љубинка Поповиќ беше брутално заклана од пациентот Вукашин, 40-годишен маж со проблеми со менталното здравје.

Семејството кое е неутешно, роднините, пријателите и соработниците од Домот за здравство се простија од медицинската сестра за која сите велат дека била вредна и омилена во друштвото.

Вукашин денеска е сослушан во полиција каде изјавил дека се сеќава дека излегол да купи кујнски нож, но не и на убиството. Тој со кујнски нож и го пресече вратот на несреќната жена.