Балкан
7. јуни 2016 - 8:59

Тага и болка на гробиштата - Погребана младата Зорана

Болен молк и тага ја прекрија Србија деновиве. Погребана е 21-годишната Зорана Катиќ која сопругот Веселин ја уби, со што ги остави своите деца да пораснат како сирачиња.

Нејзините мајка и татко, роднините, пријателите и соседите ја испратија во вечниот дом младата девојка. Скаменети од болката поради трагедијата која се случи, сите молчеле и плачеле до гробот на Зорана.

Сопругот на Зорана ја уби поради љубомора па се самоуби. Тој дури и напишал писмо во кое бара да бидат закопани еден крај друг. 

- Нема оправдување, нема доволно добра причина да се одземе живот. Таа беше толку млада. Ова е огромна трагедија, велат соседите кои се во шок.

Крвавиот настан ја потресе цела Србија.