Балкан
16. March 2017 - 11:48

Тага до небо: Ова е 19-годишното момче што синоќа загина во пожар

Момчето Бранислав Кисиќ (19) од Ѓурѓево настрада во пожар, кој синоќа изби во фирмата Ентериер Јанковиќ во Нови Сад.

Според првичните неофицијални информации, момчето настрадало додека се обидувало да го изгасне пожарот во котларницата кој избил кај печката. За жал до доаѓањето на Итната помош, на терен затекнале еден 19-годишник со тешки повреди кај кој можеле само да констатираат смрт.

Двајца мажи на возраст од 33 и 46 година години се згрижени на самото место и упатени на Институтот за белодробни болести во Сремска каменица. Тие се во стабилна состојба и будно се следат.