Балкан
18. January 2017 - 12:50

Тачи: Странските фактори беа запознати со испраќањето на полицијата на северно Косово

Меѓународната заедница беше информирана за одлуката на косовските власти за испраќање на косовската полиција во северно Косово за да се спречи доаѓањето на возот од Белград во Косовска Митровица, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи. 

Тој за приштинскиот весник „Зери“ изјави дека Косово е суверена земја, која самостојно донесува одлуки на суверен начин. 

Тачи напомена дека Приштина на „повикот на Србија за војна“ ќе одговори мирно, бидејќи тоа од неа го бара меѓународната заедница.

Тој смета дека провокациите на Белград не се случајни и „се дел од поголемо сценарио со цел поделба на земјата“. 

- Провокациите на Србија ќе продолжат се додека не го признае Косово и не се откаже од својата хегемонистичка и националистичка политика, додаде Тачи.