Балкан
13. January 2017 - 11:15

Тачи: Србија е окована во националистичката реторика

Србија и натаму е заробена и окована во националистичката реторика, која ги предизвика војните во поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за саравескиот весник „Дневни аваз“.

- Србија сега ја раководат истите луѓе кои беа во владата на (Слободан) Милошевиќ во доцните 90-ти години, изјави Тачи, осврнувајќи се на последните изјави на претставници на властите во Белград, кои се оденсуваа на односите со земјите во регионот.  

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води во Брисел под покровителство на ЕУ, Тачи вели дека има впечаток дека Србија разговара за мирот само за да може да добива средства од фондовите на Унијата.

- Од друга кон соседите говори со јазикот на војната и се однесува воинствено во стилот на национализмот кој владееше на сцената во регионот во минатиот век, оценува Тачи во интервјуто.

Според него, Србија води политика насочена „против Косово, косовската држва и косовските институции, без каков и да е морал или способност да го согледа и сопствениот интерес во зајанувањето на мирот, стабилноста и соработката во регионот“.  

- Косово е посветено кон вртење на нова страница во односите со Србија и со останатите земји во регионот и кон соработка, добрососедски односи и признавање. Тоа е во интерес на Косово, на подобрата иднина на земјата и на целиот регион, потенцира Тачи. 

Осврнувајќи се на приведувањето на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во Франција врз основа на српската меѓународна потреница, Тачи наведува дека Србија нема никакви ингеренции врз Косово уште од јуни 1999 година.

- За жал ова не е првпат косовски официјални претставници да бидат приведувани при патувања во странство врз основа на налози за апсење издадени од Србија. Тоа не му е првпат, ниту на господинот Харадинај, истакнува Тачи во интервјуто за „Дневни Аваз“.