Тачи сигурно ќе биде уапсен ако отиде во Србија
Обвинителот за воени злосторства на Србија, Милан Петровиќ, изјави дека доколку претседателот на Косово Хашим Тачи влезе во Србија сигурно ќе уапсен, бидејќи судот во Белград има распишано потерница за него.
-Иако Министерството за правда достави налог за апсење до Интерпол, меѓународната организација, според резолуцијата на нејзиното Генерално собрание, може во одредени околности да го запре налогот за апсење.
Овде тоа и се случи, откако Косово, кое многу членки на Интерпол го признаа, го изрази протестот за својот државјанин, изјави Петровиќ.
- Во случајот Тачи, додава тој, нема „црвен налог за апсење“ со кој би можел да биде уапсен во која било земја, па поради тоа секоја држава се однесува според сопствена проценка.
Тоа значи, оценува Петровиќ, дека тој и во некоја друга земја освен во Србија може да биде уапсен.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација