Балкан
31. March 2017 - 8:40

Тачи се согласува дека за формирање на војската на Косово се потребни уставни измени

Косовскиот претседател  Хашим Тачи синоќа за француските медиуми изјави дека во целост се согласува со тврдењето дека процесот на трансформација на косовските безбедносни сили во војска на Косово треба да се одвива преку уставни измени.

Американски официјални претставници претходно вчера во Приштина порачаа дека за формирање на косовската војска неопходни се уставни измени и консултации со сите заедници, пренесоа косовските медиуми.

Тачи додаде дека властите во Приштина сакаат да воспостават „косовска војска за да станат интегрален дел од НАТО, а не војска која ќе биде изолирана“.

Тој ова го кажа мислејќи на силното противење за неговата иницијатива од страна на НАТО, САД и другите водечки меѓународни фактори кои го поддржуваат Косово, наведуваат француските медиуми.