Балкан
24. August 2017 - 9:31

Тачи: Политиката треба да се тргне од прашањето на исчезнатите

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека е болно и неприфатливо по толку години од завршување на судирот на Косово судбината на сите исчезнати се уште да не биде решена, додавајќи дека смета дека е тоа хуманитарно, а не политичко прашање, пренесе Танјуг.

„Прашањето на исчезнатите лица е хуманитарно прашање, а политиката, било домашна или меѓународна, треба да се тргне од оваа тема“, рече Тачи учествувајќи на конференција во организација на Изворниот центар за исчезнати лица, соопштено е на сајтот на косовскиот претседател.

Тачи додаде дека како актер на политичките случувања на Косово, но и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, останува посветен на тоа прашањето на исчезнатите да треба под итно да се реши.