-->
-->
Тачи: Независноста на Косово е неповратен процес
-->
Србија само губи време во блокирањето на Косово, бидејќи косовската независност е неповратен процес, оцени претседателот на Косово, Хашим Тачи.
- Свесен сум за предизвиците што ги имаме во врска со консолидацијата на меѓународниот субјективитет на Косово, но убеден сум дека Косово ќе биде дел од ОН, УНЕСКО, Интерпол и сите меѓунардони механизми, изјави Тачи во интервју за телевизијата Н1.
Тој им порача на властите во Белград да не се занимаваат со Косово, туку да се посветат на своите проблеми.
Тачи во интервјуто уште еднаш повтори дека очекува 2018-тата да биде година на „историски договор“ меѓу Приштина и Белград.
- Тој договор ќе доведе до целосна нормализација на нашите односи и воедно и до помирување на нашите народи. Мирот меѓу Косово и Србија значи мир за Западниот Балкан. Мирот е и порака за европеизација на целиот простор на кој живееме. Се надевам дека тоа ќе биде договор според европските стандарди и модели, додаде Тачи.
Според него, ЕУ, со поддршка на САД, сега мора да преземе активна, динамична и водечка улога во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
- Сега е вистинскиот момент раководствата на двете земји да дојдат до договор кој недостасуваше во последниве сто години и кој ќе ја отвори перспективата за идните генерации, порача Тачи.
Осврнувајќи се на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, Тачи нагласи дека Приштина има „добра волја“ за негово функционирање во интерес на стратешката соработка со САД, ЕУ и НАТО, иако го смета за „историска неправда“.
Според Тачи, созадвањето на овој суд е исто како по Втората светска воја да се формирал суд што „би им судел на Евреите кои се бореле против нацизмот“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор