Македонија
20. January 2017 - 20:14

Тачи: Москва и Белград сакаат поделба на Косово по моделот на Крим

Косовскиот претседател Хашим Тачи денeска изјави дека Москва и Белград би можеле да предизвикаат вооружен судир на Балканот со цел да го поделат Косово.

- Подготовките веќе се во тек, истакна Тачи во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тачи ја обвини Србија дека со „илегалниот“ воз сакала да ја дестабилизира политичката и безбедносната ситуација во Косово.

- Овие и други провокации се дел од старите српски сценарија за сецесија на дел од Косово, каде претежно живеат Срби. Значи, некој вид кримско сценарио. Но, тоа никогаш нема да се случи, посочи Тачи.