Тачи: Косово не е Каталонија
Претседателот на Косово, Хашим Тачи побара Мадрид „што е можно побрзо“ да го признае Косово, истакнувајќи дека Шпанија не е „Србија на Милошевиќ ниту Косово е Каталонија“.
Тачи, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, истакна дека признавањето на Косово не би требало да предизвика дополнителни националистички тензии во Шпанија, бидејќи не можат да се прават паралели меѓу двата случаи.
- Нема паралели меѓу Косово, Каталонија или Баскија. Прво, Шпанија не е Србија на Милошевиќ, Косово не е Каталонија или Баскија, посочи Тачи.
Тој апелира до Шпанија да го признае Косово бидејќи верува оти двете земји делат исти вредности.
- Сакам да верувам дека Шпанија сака да ни го олесни животот, а не да ни го отежне. Ние сме пријателски држави и делиме исти вредности и Шпанија нема ништо против Косово, посочи Тачи.
Шпанија е една од петте земји-членки на Европска унија што не го има признаено Косово.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор