Тачи: Добив потврда дека САД ќе се вклучат во дијалогот Белград-Приштина
Шефот на косовската држава, Хашим Тачи, изјави дека од амерканскиот потпретседател,Мајк Пенс, добил потврда дека САД ќе се вклучи во дијалогот Белград-Приштина. Тачи тврди дека добил потврда од САД дека ќе се вклучат во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
- Дијалогот сега влегува во нова фаза и на Федерика Могерини ѝ е потребна дополнителна поддршка, затоа неопходно е и Америка да ја одигрува своја улога во овој процес, изјавил Тачи во интервју за белградскиот портал „Ремаркер“.
Тој посочува дека неодамна,за време на неодамнешниот престој во САД се сретнал со Пенс од кого добил потврда дека Вашингтон поактивно ќе се вклучи во дијалогот.
- Улогата на САД е со цел во процесот да внесе поголем кредибилитет, доверба и стабилност, оценил Тачи.
На прашањето кога ќе биде формирана Заедницата на српски општини,тој вели дека „што побрзо толку подобро,во согласност со законите на Косово,а тоа е и меѓународна обврска“.
Тој упатил повик до сите Срби кои го напуштиле, да се вратат во Косово.
- Ќе направиме сè што се однесува на нашата политичка власт да ги сместиме и да ги интегрираме во косовското општество“, порачал Тачи.
Тој додал дека поканата за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го посети Косово е „секогаш отворена“.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово