Тачи: Демаркацијата на границата е само косовско прашање, треба да се усвои
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора „сега е само прашање на Косово“.
- Прашањето за демаркацијата повеќе не е меѓудржавно прашање Косово - Црна Гора, туку тоа е само прашање на Косовците, кои треба да донесат одлука во Парламентот, изјави Тачи во интервју за Гласот на Америка.
Тачи го потпиша Договорот за демаркација на границата со Црна Гора во август 2015 година, но актуелниот премиер Рамуш Харадинај и понатаму одбива да го прифати.
Тачи во интервју за Гласот на Америка повтори дека за либералзација на визниот режим треба да се исполнат дадените задачи од Европска унија.
Претседателот на Косово се осврна и на формирањето на новата Влада, наведувајќи дека „Косово не задоцнило во формирањето на институците“, иако тоа се случило по шест неуспешни седници на Парламентот.
Во врска со дијалогот со Србија, тој оцени дека нема друга алтернатива освен разговори меѓу државите.
- Добрососедството исто така треба да надвладее. Во интерес е на двете држави, на регионот, но и на самите инвестиции на ЕУ да владее мир меѓу Косово и Србија. Мирот и стабилноста меѓу Косово и Србија значи стабилност во регионот, посочи Тачи.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор